Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро ќе биде опериран овој месец за да отстрани мал камен од бубрегот.
Според „Ројтерс“, за време на преглед со ултразвук било утврдено дека Болсонаро има мал камен во еден од бубрезите, кој лесно може да се отстрани со катетер.
Со ова продолжуваат здравствените проблеми на бразилскиот претседател кој до неодамна водеше битка со коронавирусот.