Бугарија го укина ПЦР-тестот за српските граѓани, но не и за Македонците

Со одлуката на Министерството за здравство на Бугарија од денес не се бара негативен ПЦР-тест за коронавирус за српските граѓани, но тоа не важи за македонските граѓани кои можат да влезат во Бугарија само со негативен ПЦР-тест, не постар од 72 час.

Наредбата дека патниците кои пристигнуваат од Србија мора да бидат ставени во карантин е поништена.

Бугарија беше една од последните земји во Европската Унија која забрани српските граѓани да влегуваат на нејзина територија поради епидемијата на коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави