Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 145 нови случаи на коронавирус, а едно лице почина.
Тестирани се 2.995 лица.
Бројот на активни случаи во Хрватска е вкупно 2492, пренесува „Индекс“.
Меѓу нив, 258 пациенти се во болница, од кои 14 се на респиратори.
До денес, во Хрватска се евидентирани вкупно 10.414 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 187 починале, а 7.735 оздравеле.