Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ е закажан за 25 септември, дознава 24 Инфо.
Од партијата денеска информираа за кадровските промени, односно за новиот претседател на Унијата на млади сили и за претседателите на општинските комитети.
Објавен е и конкурс и избор на ново раководство на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.
Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес, во кој членуваат поранешни и сегашни членови на партијата веќе подолг период бараат оставка на Христијан Мицкоски и избор на нов лидер на вонреден конгрес.