Геце може да заигра за Вестхем

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Германија, Марио Геце може да заврши во редовите на англискиот Вест Хем, пишува „Дејли експрес”. 28-годишниот играч за врска е слободен играч, откако на крајот од сезоната му истече договорот со Борусија Дортмунд.

Вест Хем упатил барање за Геце, но Монако и Рома исто така го следат плејмејкерот.

Геце, кој го постигна победничкиот гол за Германија во финалето на СП 2014 против Аргентина, помина низ доста тешки моменти откако му беше дијагностицирана со миопатија во 2017 година.

Сепак, поранешната ѕвезда на Баерн Минхен се опорави од своите проблеми и минатата година одигра 21 натпревар за Дортмунд, постигнувајќи три гола.

„Чеканите” го следат и напаѓачот на Порто, Муса Марега, кој е проценет на околу 15 милиони фунти. Сепак, за него е заинтересиран и Њукасл. 29-годишниот напаѓач постигна 45 гола на 87 натпревари за Порто, но веќе изрази желба да се пресели во Премиер лигата.

Треба да знаете
Последни објави