Човек од Австралија доживеал прилично голем шок кога се вратил дома и видел дека две големи змии се провлекле низ неговиот таван и продолжиле да ползат низ собите во неговата куќа во Квинсленд.
Дејвид Тејт во понеделникот пронашол една змија во спалната соба и друга во дневната. Заедно имале околу 22 килограма. Експертот за фаќање змии Стивен Браун изјави дека змиите што се појавиле во домот на Тејт биле со исклучителна големина.
Се верува дека се работи за два мажјаци кои се бореле за женка и така пропаднале низ таванот. Женката сè уште не е лоцирана. Едниот питон пронајден во куќата бил долг 2,8 метри, а другиот 2,5 метри.
Тејт раскажал дека претходно ги видел змиите како се сончаат на неговиот покрив.