Италија: По четири месеци пад, зголемена стапката на вработеност

Стапката на вработеност во Италија се зголеми за 0,2 проценти во јули, првпат откако опаѓаше четири месеци по ред за време на пандемијата на Ковид-19.

Растот на вработеноста ги опфаќа скоро сите возрасни групи, освен категоријата од 25 до 34 години, објави Италијанскиот институт за статистика (Истат).

Како што е наведено, стапката на вработеност се зголемила за 0,2 на вкупно 57,8 проценти.

Италија претходно бележеше постојан пад на вработеноста од март досега.

Треба да знаете
Последни објави