Лавров: За ситуацијата во Белорусија се раководиме од меѓународното правото

За ситуацијата во Белорусија, Русија ќе биде водена од меѓународното право и постојните билатерални обврски меѓу Москва и Минск, изјави денеска  рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во говорот пред студентите и професорите на московскиот универзитет МГИМО.

Тасс наведува дека Лавров кажал дека Белорусија минува низ тежок период.

-Ние многу јасно го искажавме нашиот став – ќе бидеме водени од меѓународното право и обврските што постојат меѓу нас и Република Белорусија, подвлече Лавров.

„И, се разбира, би сакале луѓето во Белорусија да можат сами да ги решаваат своите проблеми, без никакво странско мешање”, додаде Лавров.

Треба да знаете
Последни објави