Бујар Османи и Никола Димитров, кои денеска ги примопредоадоа функциите на вицепремиер за европски прашања и министер за надворешни работи, не очекуваат пречки од соседна Бугарија во процесот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.
Новозбраниот вицепремиер за евроинтеграции Димитров истакна дека Бугарија не може да добие од комплицирање на европската иднина на Република Северна Македонија.
-Во тоа сум убеден бидејќи има голема улога кога беа претседавачи со Европската Унија, со Самитот во Софија токму во отворањето на Европа и враќањето на проширувањето високо на агендата на ЕУ. Во однос на ова прашање ќе имаме комплементарност со Бујар бидејќи од една страна ги тангира меѓусоседските односи, а од друга страна европската иднина на државата, рече Димитров.
Според него, тука заедничкиот став е дека прашањето на самоизјаснување и самоопределување во однос на македонскиот народ и Македонци кои зборуваат македонски јазик не може да биде во спротивност со Европската Унија којашто, како што рече, почива на европските вредности меѓу кои и богатството на различностите и правото на самоопределување.
-Македонскиот јазик е наша работа и за нас тоа прашање е затворено, посебно по финализирањето на личната карта на државата во Обединетите нации. Во овие рамки ќе бараме мудрост и упорност и во надминување на сите прашања со соседна Бугарија. Нема да биде лесно, мислам дека мора да бидеме искрени, проблемот претставува голем предизвик, но покажавме дека не се плашиме од предизвици, ќе се соочиме искрено, директно, знаејќи каков е влогот и што треба да заштитиме во смисла на националниот интерес, истакна Димитров.
Новиот шеф на дипломатија Османи рече дека иако Бугарија имала унилатерална забелешка на состанокот на Европскиот Совет, тие сепак дале согласност за одлуката за отпочнување преговори со ЕУ и оти не гледа интерес на ниту една земја во регионот, па и на Бугарија, да го попречат европскот пат на Северна Македонија.
-Во однос на преговарачката рамка и односите со Бугарија сметам дека стабилна и перспективна Северна Македонија е предуслов за стабилен и перспективен европски регион и тоа е во интерес на сите земји во регионот вклучувајќи ја и Бугарија. Тие тоа го поажаа на самитот на Советот во март, кога покрај унилатералната забелешка сепак дадаоа пас за одлуката за започнување преговори. Мислам дека двете земји имаа доволно апсирациски капацитет да решаваат дневни амплитуди на разлики и во прашањата кои ги има спорот, меѓутоа во однос на стратешките линии дека не смее да се закочи европскиот пат на државата, тука имаме согласност, рече Османи.