На 31.08.2020 околу 20.00 часот во Полициското одделение Маврово било пријавено дека во село Ниќифорово, на околу 500 метри од Планинарскиот дом, бил пронајден починат У.Ј (80) од Гостивар.
Доктор од Здравствен дом-Маврово констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на судска медицина.