На Украина и се заканува голем бран на епидемијата на коронавирус во септември, а до крајот на месецот може да се очекува дневно зголемување на бројот на новоинфицирани лица од над 3.000, предупреди украинскиот премиер Денис Шмигал.
Во последните 24 часа во Украина се регистрирани 2.088 нови случаи на Ковид-19.
Значителното зголемување на бројот на новозаразени се случи откако Владата воведе построги вонредни мерки за за странците кои доаѓаат во Украина минатата недела и ја продолжи вонредната состојба до 28 октомври.
Досега се потврдени 123.330 заразени и 2.605 смртни случаи во Украина.