Филипче: За една недела за 20 отсто намален бројот на новозаболени со ковид 19

Намалување од 43 проценти на хоспитализирани пациенти. Само неколку пациенти возрасни во Козле има останато и до крајот на неделата ќе се врати болницата во нормала- вели Венко Филипче министер за здравство.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје – Скопје, во периодот од 24 до 30 август годинава направени се 9.944 тестови за коронавирусот, а регистрирани нови 666 позитивни случаи во 29 градови низ земјава што престваува намалување од 20,6 отсто во однос на претходната недела. Најголем дел од регистрираните случаи се во Скопје, 209.

-Во истиот период во 23 градови, односно седум повеќе во однос на претходната недела, бројот на новодијагностицирани е под 20. Процентот на позитивни тестирани од вкупниот број тестови 6,7 отсто, што е намалување од 0,8 отсто во однос на претходната недела и е задржан овој тренд на намалување на процентот на позитивни, рече Филипче.

Тој информира дека од случаите во изминатата недела, хоспитализирани се вкупно 71 што е намалување од 40,3 отсто во однос на претходната недела. Овој тренд се прати во сите болнички институции каде се лекуваат овие пациенти.

Филипче информира дека уште неколку возрасни паценти се останати во болницата Козле, која повторно во следниот период ќе биде наменета само за лекување на деца. Во ГОБ „8 Септември”-Скопје има значајно намалување на бројот на хоспитализрани пациенти или околу 30, што дозволува постепено да се врати нормалното функцирање на болницата, преку системот „Мој термин”.

Министерот за здравство соопшти дека пријавени се 35 смртни случаи од 13 градови. Од нив 29 имале познати коморбидитети.

– Во таа смисла од епидемиолошки аспект можам да кажам дека состојбата е стабилна, вклучително и во во врска со состојбата во болниците, потенцира Филипче.

Треба да знаете
Последни објави