Хрватска: Пад на индустриското производство во јули, девет месеци по ред

Индустриското производство во Хрватска опадна во јули, деветти месец по ред на годишно ниво, иако со малку пониска стапка од јуни.

Државниот завод за статистика (ДЗС) денеска објави дека индустриското производство паднало за 1,6 проценти на годишно ниво во јули, додека се зголемило за 5,6 проценти во споредба со претходниот месец, пренесува порталот Seebiz.

Хрватската индустрија бележи постојан пад на годишно ниво од ноември минатата година.
Во јули, најголем годишен пад, од 9,3 проценти, е забележан во производството на нетрајни производи за широка потрошувачка. Производството на меѓупроизводи потона за 2,6 проценти.

Од друга страна, производството на капитални производи скокна за 14,7 проценти,  раст од 2,1 процент, во производство на енергија и производство на трајни производи за широка потрошувачка со пораст од 1,7 проценти.

Во периодот јануари-јули 2020 година, хрватската индустрија имаше пад од 5,7 проценти во споредба со истиот период претходната година.

Јулиските податоци за индустриското производство, како и неодамнешните податоци за падот на прометот во трговијата на мало, најавуваат продолжување на трендот на пад на економијата во третиот квартал, по рекордното намалување од 15,1 процент забележано во вториот квартал. Тоа значи дека Хрватска официјално ќе влезе во рецесија.

Треба да знаете
Последни објави