Царовска: Ќе се контролираат наставниците дали држат настава на далечина

МОН преку единствената национална платформа за далечинско учење ќе го следи присуството на наставниците на онлајн часовите, а ќе се води и евиденција за учеството на учениците, најави денеска на својата прва прес-конференција министерката за образование Мила Царовска, одговарајќи на новинарско прашање колку ќе се контролира наставата, бидејќи до сега имавме примери каде наставници немаа одржано ниту еден час.

– Мене ќе ми биде многу значајно наставниците да ги имаме како партнер во овој процес, затоа што тие се основата за квалитетна настава безразлика дали е онлајн или со физичко присуство. Во секој случај тие се главната алатка која ја нудиме во овој момент. Сметам дека и мотивациски но и со обуки и следење од Државниот просветен инспекторат како и со присуство на советниците од Бирото за развој на образование ќе се следи квалитетот на наставата. Единствената платформа за далечинско учење ќе нуди можност да се гледа кој од наставниците е уклучен и во колкав временски период, но и секако физички ќе се следи наставата и присуството на наставниците на нивното работно место, рече Царовска.

Треба да знаете
Последни објави