Шефот на шведската агенција за јавно здравје, Јохан Карлсон, изјави дека пандемијата на Ковид-19 нема да може да се запре само со вакцина против таа болест.
Тој изјави дека значителни превентивни мерки ќе мора да останат на сила во догледно време.
Идната вакцина веројатно ќе биде значајна алатка, но не и средство што претставува конечно решение за проблемот, рече Карлсон, чија земја се одлучи за контроверзен модел според кој голем дел од општеството беше поштеден од рестриктивни антиепидемиски мерки.
АП наведува дека шведската министерка за социјални работи Лена Халенгрен изјавила дека идната вакцина против Ковид-19 треба да ја примаат како приоритетни групи лица над 70 години, членови на ризични групи, како и медицински персонал и негуватели.