Претседателот на Црна Гора и лидер на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Мило Ѓукановиќ оценил дека во Црна Гора, како и во целиот регион, постојат два погледи за иднината. Првиот е оној персонифициран од претходната влада во Црна Гора, каков што е во скоро сите земји во регионот, кој иднината ја гледа во европскиот систем на вредности во европските и евро-атлантските интеграции.
Напротив, како што можеме да видиме, национализмот од 90-тите години на минатиот век е сè уште присутен, кој е разбуден во нови околности, благодарение на новите стимулации, и кој сега се обидува да го сврти тркалото на историјата наназад“, рекол Ѓукановиќ во интервју за „Њузмакс Адрија“, пренсува црногорски „Вијести“.
Кога станува збор за формирањето влада, Ѓукановиќ изјавил дека „наскоро ќе присуствуваме на расплетот и дека ќе дојде до понуда за формирање влада од оние кои ќе имаат 41 пратеничко место во парламентот“.
На прашањето дали ќе бидат трите опозициски коалиции, тој одговорил дека има најави дека ќе бидат баш тие, но нивните програми се прилично далечни и ако има нешто што ги приближува, тоа е желбата да ја сменат ДПС.
На прашањето дали ќе учествува во тоа, тој изјавил:
„Не, зошто би учествувале? Јас сум тука каде што сум, многу цврсто убеден во исправноста на моето политичко убедување“, рекол Ѓукановиќ.
Претседателот на Демократската партија на социјалистите соопштил дека синоќешните инциденти не го изненадиле, ниту „нецивилизираните моменти“ од прославата на победата на трите опозициски партии.
„Инцидентите не изненадија никого, славењето уште помалку. Секогаш има причини за славење, но таа прослава подразбира и цивилизиран однос кон другите граѓани и потреба за зачувување на стабилноста на Црна Гора. Синоќа бевме сведоци на излив на нетолеранција, агресија, примитивизам, обиди да се спротивставстават на луѓе кои размислуваат поинаку“, рекол Ѓукановиќ.