(Видео) По неколкучасовна потрага, уапсен убиецот кој избега од судот во Сплит

Полицијата во Сплит го уапси Бранимир Чалета, затвореник осомничен за убиство на трудница, кој беше во бегство неколку часа.

Како што јавија хрватските медиуми, тој избега по рочиште во суд, со лисици на рацете.

Чалета е осомничен за убиство на својата девојка од Украина, која била во осмиот месец од бременоста. Тој се оттргнал од стражарите и почнал да трча во моментот кога го спроведувале од зградата на судот, а судските полицајци истрелале два предупредувачки куршуми во воздух, пишуваат хрватските медиуми.

Потрагата по осомничениот убиец траеше неколку часа, а беа мобилизирани сите полициски сили на Сплит и околните места. Во потрагата биле вклучени и сите полициски кучиња на сплитската полиција. Полицијата ги контролираше и сите излези од градот.

 

Треба да знаете
Последни објави