Во јули пораст на увозот на возила во Македонија

Увозот на возила во јули годинава е значително зголемен, покажува статистиката на Царинската управа, објави „24Ауто.мк“.

Па така во јули годинава се увезени 3.251 возило што е најмногу во споредба со било кој месец оваа година, особено по првичниот корона шок во април кога беа увезени само 922 нови и половни возила.

Новите патнички автомобили во оваа вкупна бројка учествуваат со 508 возила што е втора најголема бројка годинава по февруари, но и повеќе од дури пет месеци од минатата година.

Остварен е и рекорден увоз на половни автомобили кога е во прашање 2020 година. Во јули се увезени вкупо 2.397 половни автомобили со што е надминат рекордот од февруари кога беа увезени 1.950. Во бројката на увезени 3.251 возила учествуваат уште и товарните моторни возила со 322 и 24 нови и половни автобуси и минибуси.

Треба да знаете
Последни објави