Манчестер Јунајтед го купи Ван де Бик, трансферот во Реал пропаднал поради короната

Екипата на Манчестер Јунајтед го официјализираше својот прв летен трансфер. Клубот потпиша со играчот за врска Дони ван де Бик од Ајакс. 39 милиони евра плус 5 милиони евра во клаузули ќе бидат платени за тоа. 23-годишниот холандски репрезентативец ќе игра за англискиот клуб во следните пет сезони со опција за уште 12 месеци. Неговата неделна плата ќе биде 120.000 евра.

– Не можам да опишам каква неверојатна можност е да заиграм во клуб со толку голема историја. Сакам да им се заблагодарам на сите во Ајакс. Сега сум подготвен за следниот чекор во мојата кариера и да играм на највисоко ниво. И нема повисоко ниво од стандардите на Манчестер Јунајтед. Тимот има едни од најдобрите играчи од средниот ред во светот и знам дека исто како што сакам да учам од нив, така и јас можам да придонесам за класата на тимот, изјави Ван де Бик.

Тој е производ на академијата Ајакс. Дебитираше за првиот тим во 2015 година. Во 2017 година играше во финалето на Лигата на Европа, во кое холандскиот тим загуби од Манчестер Јунајтед, а во 2019 година ја имаше главната заслуга за пласманот на тимот за полуфиналето од Лигата на шампионите. Во сезоната 2019/20, тој забележа 10 голови и 11 асистенции на сите турнири.

Дони ван де Бик бил договорен за Реал Мадрид, но кризата со коронавирусот го уништи неговиот трансфер. Ова го откри агентот на играчот Сајак Сварт, откако неговиот клиент парафираше со клубот од „Олд Трафорд”.

-Имаше интерес од многу екипи – Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, Арсенал… Во март беше договорено дури и сè за неговото заминување во Реал, но потоа избувна пандемијата и сè беше одложено. Клубот веќе немаше приходи и тие не можеа да продаваат. Затоа сè се смени, призна менаџерот.

Треба да знаете
Последни објави