УС Опен: Ѓоковиќ лесно се справи со Едмунд

Иако го загуби првиот сет во 7:6, Новак Ѓоковиќ во следните три го „прегази“ Едмунд од Велика Британија, и го совлада на крајот со 3:1.

Следните сетови најдобриот тенисер на Светот ги доби со 6:3, 6:4 и 6:2, и со тоа се пласираше во 1/16 финалето на УС Опен. Таму ќе игра со Штруф од Германија, кој е 28-ми на АТП Листата.

Роденденот на ќерката Тара која денеска наполни три години, беше главната мотивација за српскиот тенисер. Ѓоковиќ и во 2016 година имаше играно на САД Опен против Едмунд, тогаш првиот светски рекет победи со 3-0 во сетови, а вечерва го загуби првиот со 6-7, пред рутински да ги добие наредните три. За Новак ова беше прв загубен тај-брејк годинава, но тој во 2020 година уште не знае за пораз, и има скор 25-0.

Треба да знаете
Последни објави