Средовечен маж се качил меѓу разурнатите столбови на дивоградбата пред „Мавровка“ за време на уривањето, пренесе а1он.мк.
Тој успеал да влезе во карабината и земал парче од урнатиот столб, но полицијата го фатила и го истуркала надвор.
Човекот пружал отпор, им викал на полицајците и не сакал да излезе, со што на сила бил извлечен.
Полицијата е распоредена насекаде околу објектот којшто се урува и не дозволува никој да помине.