ВМРО-ДПМНЕ: Филипче стана министер за зараза и смрт

Соопштение до јавноста, реакција на интервјуто на Венко Филипче на „Само вистина“

 

Министерот за здравство, Венко Филипче на вечерашното гостување на телевизија канал 5 во емисијата „Само вистина“ кажуваше само ноторни лаги.

Филипче зборуваше дека докторите земаат 100 илјади денари плата, лага за  која Филипче и СДСМ само зборуваат. Срамно е што Филипче по трет пат ветува нов клинички центар и ја лаже јавноста во Македонија дека ќе се гради истиот. Срамно е што лаже дека реновирале здравствени установи, кога за четири години не реновираа ниту една болница, а го сопреа градењето на Болницата во Штип.

Го прашуваме Филипче дали е свесен дека додека тој е министер има најголем бран на смртни случаи предизвикани од некој фактор и влијание по Втората светска војна.

Ако неговиот претходник кому Филипче му беше советник самите тие го викаа министер за смрт, самиот Филипче стана министер за зараза и смрт. Додека луѓе умираат Филипче не заборави да си го прошири својот имот на падините на Водно, исто како и неговиот директор на клинички, и сето тоа градено од компанијата која добива тендери од министерството.

Треба да знаете
Последни објави