Светско ракометно првенство во машка конкуренција кое ќе се одржи во јануари идната година ќе се игра пред публика. Посетеноста на трибини ќе биде помеѓу 30 и 40 одсто од капацитетите на салите што е доволно за добра атмосфера на натпреаврите.
Имаше најави дека СП може да биде одложено поради ситуација со пнадемијата опредизвикана од коронавирусот, каки и инфицираноста на играчи од повеќе германски клубови кои играат за репрезентациите. Но, ИХФ беше децидна дека одложување не доаѓа во предвид и такво нешто нема да се случи.
Ракометниот „мундијал“ во Египет ќе се одржи во предвидениот термин, а како прво превентивно правило кое ќе се применува е задолжителното тестирање на сите селекции пред пристигање во земјата домаќин.
Новина е тоа што и за време на „мундијалот“, ќе се прават тестови на секои два дена во секој репрезентативен табор.