Макрон вети поддршка за Ирак

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Багдад вети поддршка за Ирак и кажа дека главните предизвици со кои се соочува земјата се припадниците на Исламската држава (ИД) и странското мешање во нејзините внатрешни работи.

-Ние сме тука и ќе продолжиме да го поддржуваме Ирак, рече Макрон на прес-конференцијата во Багдад, што ја одржа со ирачкиот претседател Бархам Салих, пренесуваат британските медиуми.

„Ирак не треба да стане сцена на конфликти меѓу медијаторите на другите држави”, рече Салих.

Пристигнувањето на Макрон во Багдад е прва посета на западен лидер на Ирак откако премиерот Мустафа ал-Хадими ја презеде должноста во мај.

Ирачкиот парламент го избра Хадими за премиер, кој ќе ја води земјата кон предвремени избори, што треба да се одржат во јуни 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави