Екипата на Металург која в сабота го игра реваншот од Лигата на Европа против тимот на Спачва од Хрватска, денеска имаше успешна контрола против составот на Голден Арт КЛ 7, кој го победија со 33:25.
Металурзите предноста од осум гола ја направија во првото полувреме кога обезбедија 17:9. Оваа позитива беше сосема доволна за да се дојде до висока победа.
Во вториот дел младите ракометари на КЛ 7 беа рамноправни, па овој дел заврши со резултат од 16:16 што е доволен показател дека формата оди во нагорна линија.
Инаку, Металург својот реванш од 1. коло од Лигата на Европа ќе го има в сабота од 19:30 часот, кој се оекува да биде само формалност по убедливиот триумф во Скопје од 35-28.