Владината служба за општи и заеднички работи со 46 купени службени возила е на првото место на листата на државни институции кои набавиле најмногу автомобили во послендите три години. Таа набавува возила за министерствата, министрите, и затоа е тоа најголемата набавка.
Ова е истражување кое го направи Центарот за граѓански комуникации, а кое го презентираше Герман Филков во „10 МИНУТИ“ на ТВ21.
Сепак, според Филков, чудно е што на тендерите се јавувале само по една компанија, во 90 отсто од случаите само две компании.
-Сите знаеме колку дилери на возила има во земјава, и колку фабрики за возила постојат, и навистина чуди податокот што во 71% од тендерите се јавиле само 1 компанија, а во 90% по 2 компании. Тоа треба да се испита зошто е тоа така, рече Филков.
На државните институции најомилена марка им било „Шкода Октавија“.
Општината Струга набавила возило во вредност од 66 илјади евра, и тоа е најскапото службено возило набавено од една државна институција. Станува збор за „фамозното“ Ауди А6 поради кое се крена многу прав во јавноста.