Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Евертон, Карло Анчелоти, ќе направи голем ремонт во тимот за новата сезона. Долго време Анџелоти ги бараше вистинските засилувања и се чини дека конечно ги најде, а ќе им плати многу помалку од очекуваното.
Анчелоти сака да направи нов среден ред со ангажирањто на Хамес Родригез од Реал Мадрид, Алан од Наполи и Дукур од Ватфорд.
Со оглед на моменталната состојба на трансфер пазарот овие тројца играчи се очекува да пристигнат во Евертон за 60 милиони евра.