Петар Богатиновски – македонскиот картинг шампион во класата до 10 години повторно е на картинг стазите. После големата пауза поради Ковид-19 кризата, на 5. септември, во сабота, ќе се трка на патеката Ада Хуја во Белград. Оваа трка ќе се бодува за Централно Европската Зона. Петар ќе настапи во класа 2 Ротакс Мини Макс која е за натпреварувачи од 10 до 12 години. Петар досега настапуваше во класа 1, која е за учесници до 10 години. Петар Богатиновски е и двократен шампион на Србија во 2017 и 2018 година, a 2018 е европски вицешампион во неговата категорија.
Ова е четврта трка годинава, но за Петар ќе биде прв настап поради глобалната пандемија.