Новата учебна година започна во сараевскиот кантон во БиХ, а новинарката на телевизијата „Н1“ разговарала со едно прваче токму на оваа тема, од кое сепак доби неочекуван одговор.
На објавеното видео се гледа како детето со маска ја предупредува новинарката дека таа маската не ја носи според пропишаното. На новинарката маската и била под носот, а покриена и била само устата. Првачето и рекло дека тоа не е добро.
– Има корона, треба да се носи маска, не сакам да се заразам. И плус, стави ја маската на нос, вели првачето.
Новинарката се извинува за неправилното носење на маската и му рекла дека тој има право и го прашува дали знае што значи дека во училиштето сите треба да бидат на дистанца.
-Да, да. Можам да застанам малку подалеку поради вирусот- одговора првачето, при што се гледа како се оддалечува од новинарката.
Pogledajte isječak iz priloga naših kolega iz @N1infoSA gdje prvašić upozorava na držanje distance i pravilno nošenje maski. #koronavirus pic.twitter.com/j3ij2c1bdc
— TV N1 Zagreb (@N1infoZG) September 2, 2020