Во Грција, во последните 24 часа, се потврдени нови 233 случаи на коронавирус, од кои 20 се регистрирани на граничните премини при влез во земјата, објави Националната организација за јавно здравје. Уште двајца пациенти починале, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 273.
Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани 10.757 случаи на коронавирус, од кои 2.141 се поврзани со патувања во странство, пренесува агенцијата АНА.