Белорусија е принудена да распореди половина од својата армија на западните граници поради напнатата ситуација, рече белорускиот претседател Александар Лукашенко, пренесува „Бел ТА“.
„Гледате што се случува во нашата земја. Гледаме што се случува околу Русија”, посочи Лукашенко на состанокот со премиерот на Русија, Михаил Мишустин.
„Бевме принудени да одговориме гледајќи ги непријателските чекори на НАТО близу нашите граници. Постојат докази дека, без оглед какви изговори имаат, има распоредување на американски и другите единици од длабочината на територијата на НАТО кон границите на Белорусија, особено авиони Ф-16. Според моја проценка, тие прераспределија 16 или 18 авиони. Ние распоредивме половина од нашата армија“, рече Лукашенко.
„Ние, всушност, ги ставивме под контрола западните граници со Литванија и Полска. И, како што често велам, всушност го опколивме Гродно за да се спротивставиме на овие закани. Можеби овие потези го дадоа својот резултат”, рече Лукашенко.
Како што рече белорускиот претседател, „нема да има мирен живот, но Белорусија е решена да ги заштити својот суверенитет и независност“.