Отсега македонските адвокати, може да полагаат трансферен испит и да работат со титула адвокат во Англија и Велс!, напиша на Фејсбук, министерот за правда, Бојан Маричиќ.
Отсега македонските адвокати, може да полагаат трансферен испит и да работат со титула адвокат во Англија и Велс! Досега, како македонски адвокат не постоеја никакви можности да се работи како адвокат (solicitor) во Велика Британија. По иницијатива на македонски адвокати од Брисел упатена преку Адвокатската комора на Северна Македонија до адвокатската комора на Англија, македонските адвокати може да се квалификуваат за адвокат по скратена постапка и само со трансферен испит.Повеќе информации може да се добијат во Адвокатската комора на Северна Македонија, како и Комората на Англија и Велс. Благодарност до Александар Ивановски, Ирина Тричковска и Адвокатската комора на Северна Македонија.
https://www.facebook.com/bojan.maricik/posts/10163983674490534