Нови 1.365 инфицирани од коронавирусот во најтешко погодената земја на Балканот

Бројот на новозаразени од коронавирус во Романија во последните 24 часа се зголеми за 1.365, на вкупно 91.256, соопшти денеска Стратешката комуникациска група.

Од компликации со коронавирус починале 44 лица во изминатите 24 часа – 27 мажи и 17 жени, со што бројот на смртни случаи во Романија достигна 3.765, објавија тамошните медиуми.

Вкупно во земјата досега се опоравиле 39.275 заразени лица.

Треба да знаете
Последни објави