Вториот трејлер за филмот за Џејмс Бонд насловен „No Time to Die“ е објавен повеќе од половина година откако го видовме првиот.
Првиот трејлер за новиот филм за најпознатиот фиктивен британски таен агент го видовме за време на Супербоулот, а сега се појави и вториот кој ја промовираше премиерата закажана за во ноември.
Премиерата беше одложена поради пандемијата со коронавирусот.
Даниел Крег по петти и последен пат ќе биде во улогата на агентот 007, а во филмската екипа се и Ана де Армас, Џефри Рајт, Леа Сејду, Реиф Фајнс, Рами Малек, Кристоф Волц, Наоми Харис и Бен Вишоу.
https://youtu.be/C8zDNA0LO44