Принцот Хари и неговата сопруга, Американката Меган – војводата и војвотката од Сасекс, потпишаа ексклузивен повеќегодишен договор за продукција со „Нетфликс“, што е голем чекор во нивниот план да заработуваат за живот надвор од кралското семејство.
Според договорот, чија вредност не беше обелоденета, парот ќе продуцира филмови и серии, од детски претстави до сценариски содржини, стриминг-платформата објави во средата.
Хари и Меган во јануари најавија повлекување од нивните должности како членови на британското кралското семејство со објаснување дека повеќе време ќе минуваат во САД со цел да бидат финансиски понезависни.
Од Канада тие се преселија во Јужна Калифорнија со синот Арчи.
Хари и Меган ќе продуцираат содржини и теми со фокус на нивната непрофитна организација „Арчивел“.
„Нашиот фокус ќе биде создавање содржини што информираат, но исто така даваат и надеж“, стои во изјавата на парот. „Како нови родители, изработката на инспиративни семејни програми е исто така важна за нас.“