Во последните 24 часа во Хрватска е регистриран најголем број на новозаразени со коронавирус – 369, така што бројот на активни случаи во овој момент е 2.634.
Во изминатото деноноќие починаа три лица, објави Националниот штаб за цивилна заштита.
Во моментов во Хрватска на болничко лекување се 269 пациенти, од кои 16 се на респираторна машина.
Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на коронавирус во Хрватска досега вкупно се заразени 11.094 лица, 194 починале, а 8.266 оздравеле.
Тестирани се вкупно 179.838 лица, од кои 4.492 во последните 24 часа.