Бредли Купер за списанието „Interview“ сподели детали за деновите на изолација со своето семејство на почетокот на оваа година.
Од приказната на 45-годишниот актер станува јасно дека тој не го напуштил домот, каде го поминал карантинот со својата ќерка, неговата мајка и неговите две кучиња. „Мајка ми ќе има 80 години и има торба за колостома, така што не можев да пуштам никој во куќата“, изјави тој. „И не можам да ја напуштам куќата, бидејќи ако таа се зарази, готово е“.
„Живееме во мала градска куќа, за среќа, има двор“, објасни Купер, признавајќи дека во меѓувреме се обидува да ја забавува својата 3-годишна ќерка Леа де Сен. „Вршам програма за предучилишна возраст за една личност. Стануваме и одиме на часови по пливање во када…
Преземено од Фактор