Вонреден состанок на Советот на НАТО за труењето на Навални

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на 4 септември свикува вонреден Совет на воената алијанса поради ситуацијата со Алексеј Навални, соопшти денеска Блумберг. 

Се истакнува дека за време на средбата ќе се разговара за следните чекори откако  германските лекари заклучија дека труењето на рускиот опозиционер Навални (44) било извршено со боево-хемиска супстанца од групата „Новичок”. 

Германија денеска и официјално соопшти дека Навални бил отруен со нервно-паралитички агенс. Кремљ ги негираше тврдењата на Берлин, повикувајќи се на руските лекари кои не утврдиле ефекти на труење на Навални, бидејќи не бил најден отров во неговиот организам. 

Треба да знаете
Последни објави