Во карантин дом за стари лица во Атина, потврдени 19 случаи на Ковид-19

Во дом за грижа на стари лица во северниот дел на Атина, вчера беа потврдени 19 случаи на Ковид-19, по што од Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција донесоа одлука за воведување десетдневен карантин, јави дописничката на МИА од Атина.

Од заразените, 18 се лица згрижени во домот, а еден е вработен.

Карантинот беше воведен синоќа, а до 12 септември забранет е влез и излез од центарот за грижа на стари лица, додека пак полицијата е задолжена за почитување на мерките.

Во изминатиот период имаше три случаи на појава на коронавирусот во домови за стари лица, два во Солун и еден во Атина.

Од еден од домовите во Солун, починаа над 20 лица, кои беа хоспитализирани, откако се потврди дека се позитивни на Ковид-19. 

Треба да знаете
Последни објави