Во населбата Три чешми во Штип нема соодветна инфраструктура, ниту пак реализација на ветените проекти

Интегрален текст од изјава на Иван Јорданов, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип

„Три чешми очекуваше многу, но не доби ништо. Не само што жителите од оваа населба не им се обезбеди пристојна инфраструктура која се гледа од огромните дупки на најфреквентните сообраќајници на оваа населба, туку не се реализираа ниту ветените проекти.

Децата во подрачното училиште е ја добија ветената спортска сала, а возрасните и пензионерите не добија поддршка од мобилните тимови кои требаше да им помагаат при набавка на храна и лекови.

Ова населба наместо да продолжи да се развива изминатите неколку години стагнираше, па затоа младите имаат дополнителна причина повеќе зошто да се иселуваат.“

 

Треба да знаете
Последни објави