Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 102 новозаболени лица и двајца починати пациенти.
Институтот за јавно здравје објави дека биле анализирани 646 примероци на новиот коронавирус.
Најмногу заразени има во Подгорица – 40.
Вкупниот број на смртни случаи поврзани со инфекција со Ковид-19 од почетокот на јуни е 95, а од почетокот на годината – 104.
Пријавено е закрепнување на 46 пациенти.
Вкупниот број на активни случаи на Ковид-19 во Црна Гора во моментов е 811.
Од почетокот на годината, вкупниот број на регистрирани случаи на инфекција со коронавирус е 5.019.