Малите групи во градинка ќе бидат максимум до 6 деца, а големите до 15- вели министерот за здравство Венко Филипче. Ако има симптом некое дете се изолира се вика родител, епидемиолог и се постапува понатаму во однос на проценката која ќе биде направена.
-Ако се појави вирус се прави вонредна дезинфекција, а болница која ќе се грижи за деца е болницата во Козле- вели Филипче.