Мерката за ослободување на родителите на деца до 10 години останува да важи и по отворање на градинките

овата министерка за труд и социјална политика Јагода Шахпаска рече дека мерката за ослободување од работа на родителите на деца до 10 години продолжува да важи и по најавеното отворање на градинките идната недела, на 9 септември.

-Истакнавме дека приоритет, влезен критериум за сместување на деца во градинка ќе биде самохран родител и двајца вработени родители. Родителите кои ја користат мерката за чување деца од 0 до 10 години продолжуваат и понатаму да ја користат. Не ја укинуваме оваа мерка, рече Шахпаска.

Таа заедно со министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција зборуваа за протоколите по кои ќе работат на градинките, според кои групите деца ќе бидат ограничени: воспитните групи за деца до 2-годишна возраст ќе имаат максимум по 6 деца, а воспитните групи за деца од 3 до 10 години максимум по 15 деца.

Треба да знаете
Последни објави