Јас и ВМРО-ДПМНЕ имаме еден противник: тоа не се самонаречените иницијатори од хотелската коалиција, кои патем немаат поднесено иницијатива за Конгрес за кој толку многу говорат и го најавуваат, туку за противник го имаме изворот на лошиот живот во државата, а тоа е СДСМ и Зоран Заев кои во државата создадоа поларизираност и една елитизирана каста која ја обединува криминалот, вели Христијан Мицкоски во интервју за „Дојче Веле“.
Тој најави жестока битка за поразување на пактот меѓу власта и политичко-криминалното подземје кое се нуди како опозиција на опозицијата за да се спаси власта.
-Оваа власт, оваа количина на омраза и поделби креирани од власта, толкава количина на зло, не се руши со еден потег. Тоа е долга борба и оваа власт ќе падне на рати. Изборите кои поминаа беа почетокот на крајот на падот на власта на Заев. Нема нова енергија со старите и истрошени кадри во Владата, која не понуди ништо ново. Воедно тие ги понудија старите ветувања, а нови се само долговите. Оваа власт ќе падне на граѓански протести, а опозицијата ќе се окрупнува. Следува широк опозициски фронт кој ќе биде израз на револт за сиромаштијата, за долговите кои ни ги оставаат и за неправдите кои ни ги причинуваат. Што се изгради за овие четири години? Ние немаме уште нови четири години за да и ги дадеме на мафијата да ни ги потроши. И морам да прокоментирам еден дел од таа шизофрена и нереална ситуација која се наметнува поради медиумското окупирање на власта, а тоа е чувството дека ВМРО-ДПМНЕ не правело протести. Ќе ве потсетам на протесните маршови ширум државата, на протестите по градовите и марширањето што таму се случуваше. Сега следува одново граѓанско здружување. Бранот на промени веќе почнува во државите во регионот, а Заев нема да биде исклучок. Ќе повторам, има огромно опозициско расположение. Бројките покажуваат дека повеќе луѓе на последните избори гласаа за опозициските партии откоку за власта, вели мицкоски.
Целото интервју на „Дојче Веле“.