О’Брајан: Преговорите меѓу Белград и Приштина веќе напредуваат

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател,  Роберт О’Брајан, кој заедно со Ричард Гренел, е домаќин на делегациите на Белград и Приштина, на останокот во Белата куќа, изјави дека „веќе има напредок” во разговорите за економските теми.

“Лидерите на Србија и Косово веќе напредуваат. Нашите разговори утринава беа насочени кон поддршка на економските врски и економска нормализација”, напиша О’Брајан на Твитер, заедно со слики од разговорите на двете делегации.

Тој додаде дека се радува на натамошните дискусии.

Треба да знаете
Последни објави