Од Грција за Германија заминаа 118 бегалци со деца со здравствени проблеми

Група од 118 лица, семејства со деца со сериозни здравствени проблеми, кои досега биле во прифатните центри на грчките острови, утрово од Грција заминаа за Германија, јави дописничката на МИА од Атина.

Релокацијата е во рамките на европската програма што вклучува 1.600 деца бегалци без придружба и 243 деца со сериозни здравствени проблеми, заедно со нивните семејства, односно вкупно 928 лица, од кои 412 веќе се во Германија.

Алтернативниот министер за миграција и азил на Грција Јоргос Кумуцакос рече дека релокацијата е дел од програмата за поддршка од Европската Унија, а се спроведува заедно со земји членки како што се Германија и Франција.

Треба да знаете
Последни објави