Педро веќе тренира со Рома

Крилниот напаѓач Педро Родригез продолжи со тренинзите по повредата, пренесува „Кориере дело Спорт”. 33-годишниот Шпанец се здоби со повреда на десното рамо во финалето на ФА купот со Челси.

Тој сега им се приклучи на своите нови соиграчи, но ќе продолжи да се опоравува.

Педро се пресели во Рома од Челси како слободен агент. Минатата сезона напаѓачот одигра 23 натпревари на сите турнири, постигна два гола и асистираше за еден.

Треба да знаете
Последни објави