Сопругата на Робин Вилијамс, Сузан Шнајдер Вилијамс, зборувала за тоа како изгледал нејзиниот живот непосредно пред самоубиството на актерот.
Таа Робин Вилијамс го нарекла ‘најголема љубов во нејзиниот живот’, а открила и детали за тоа на кој начин актерот се борел против деменцијата.
„Беше неверојатно длабоко упатен во толку многу работи. Знаеше многу за културата и човештвото воопшто, а хуморот му беше тајно оружје. Кога сакаше некому да биде поддршка, многупати правеше неочекувана шега само за на луѓето да им биде подобро“, рекла таа.
Се докажало дека лекарите погрешно го дијагностицирале Вилијамс и неговото семејство неколку години по неговата смрт ја дознало вистината за тоа што всушност се случувало со неговиот организам, пренесува „People“.
„Робин и јас знаевме дека нешто чудно се случува. Беше во право кога ми кажа дека само сака да го ‘рестартира’ мозокот. Тогаш му ветив дека заедно ќе излеземе на крај со болеста, но не знаев дека тој нема да се извлече“, продолжила Сузан.
Како што открила, докторите имале посебен режим за спиење за Вилијамс, за да се избори со несоницата.
„Беше страшно. Докторите нѝ рекоа да спиеме во одвоени кревети, за тој да може барем малку да поспие. Ме праша дали тоа значи дека повеќе не сме заедно. Тоа беше навистина шокантен момен. Кога вашиот најдобар пријател, вашата љубов и вие сфаќате дека некаде постои огромна провалија, но не ја гледате“, рекла таа.