Подготовките за почетокот на школската година закажан за 1 октомври поради проблемите со пандемијата која ја предизвика коронавирусот се во полн ек. Надлежните институции во соработка со здравствените власти ги подготвуваат протоколите за изведување на наставата, која се најавува дека ќе биде комбинирана со онлајн и физичко следење на програмата за учениците.
Јасно е дека сите родители не можат да им обезбедат уреди за следење на онлајн наставата, а градоначалникот Петре Шилегов вети дека ќе се заложи да им помогне да набават уреди за да имаат рамноправен пристап во следењето на наставните програми.
-Сите средни училишта се во добра кондиција. Ќе им помогнеме на дечињата кои немаат компјутери за следење на наставата, за тоа ќе разговараме и со МОН, порача Шилегов.