Јувентус сака да го лапне Суарез со бонуси за Барса

Повеќекратниот италјански фудбалски шампион Јувентус бара начин како да го комплетира доаѓањето во своите редови на Луис Суарез од Барселона. „Старата дама“ е во потрага по искусен напаѓач кој треба да го пополни испразнетото место по заминувањето на Гонзало Игуаин. Од Барселона најавија дека не планираат на Суарез во новата сезона иако има уште една година  договор со тимот од „Камп Ноу“.

Барселона сака да го продаде Суарез, Јуве сака да го купи, но нема договор. Каталонците се свесни дека не може многу да добијат за играчот кој има уште една година од договорот. Ако остане на „Камп ноу“, тоа ќе биде финансиски удар за Барселона затоа што Суарез е еден од најскапите играчи а идниот летен преоден рок ќе си замине како слободен играч.

Според италијанските медиуми, предлогот на Јувентус е Суарез да дојде во Торино како слободен играч, но Барселона да добие одредени парични бонуси во зависност од тоа колку натпреаври ќе одигра за „старата дама“ и колку гола ќе постигне.

Треба да знаете
Последни објави